Денеска го славиме Денот на европската соработка и 30 години од иницијативата INTERREG!
Драги пријатели,
Денеска го славиме Денот на европската соработка и 30 години од иницијативата INTERREG!
Нашата програма и програмите за прекугранична соработка Бугарија-Србија и Бугарија-Турција ќе ги презентираат досега постигнатите резултати и успешно реализираните проекти. Официјални честитки по повод настанот ќе бидат испратени од г-ѓа Лена Пенч, директор на ГД „Регионални и урбани политики“ при Европската комисија, г-дин Димитар Цанчев, амбасадор и постојан претставник на Република Бугарија во Европската унија, г-ѓа Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, г-дин Михаило Дашиќ, помошник министер за европски интеграции на Република Србија и г-дин Фарук Кајмакчи, заменик министер за надворешни работи на Република Турција.
Ве очекуваме денес на нашата фан страница на Facebook во 15:00 ч. (по македонско време) или 16:00 ч. (по бугарско време).