Регионален Консултативен Форум - Куманово
Регионален Консултативен Форум - Куманово
Серијата од првите три регионални консултативни форуми заврши во Куманово на 28 февруари во ресторанот НАМА. На овој форум земаа учество над 40-тина претставници на локалните самоуправи, училиштата, невладиниот сектор од Североисточниот плански регион. На почетокот г-ѓа Бранкица Ристовска претставникот на Министерството за локална самоуправа ги поздрави присутните, а потоа раководителот на ЗТС г-динот Николај Дочев ја претстави состојбата на програмата за периодот 2007-2013. Резултатите од анализите и предложените тематски приоритети беа презентирани од страна на експертот за планирање г-ѓата Јасминка Тасева Јанковиќ од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажиран по договор за услуги за подготовка на идната IPA II прекугранична програма.