ПОКАНА за кандидирање за извршување на подготвителни активности по стратешки проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Берово - Струмјани
ПОКАНА
за кандидирање за извршување на подготвителни активности по стратешки проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Берово - Струмјани
Министерство за регионален развој и јавни работи
(Управувачки орган)
во соработка со
Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија
(Национален орган)
Објавуваат на 18 јули 2022 година оглас за аплицирање за извршување на подготвителните активности за стратешкиот проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Берово - Струмјани, кој ќе се финансира во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија 2021 -2027. Финансирањето на подготвителните активности е обезбедено од приоритетната оска 4 „Техничка помош“ на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI2014TC16I5CB006) и е наменета за развој на идејни проекти, техничка документација (вклучувајќи индикативна квантитативна вредносна сметка за планираната инфраструктура во секоја земја), анализи итн., кои ќе ја изработат назначените бенефициенти на стратешкиот проект од двете земји партнери.
Следниве подобни бенефициенти се поканети да поднесат предлог-проект:
• Обласна управа на Благоевград на Република Бугарија - корисник, утврдена со Одлука на Советот на министри на Република Бугарија бр. 115/07.03.2022 година;
• Царинска управа на Република Северна Македонија - корисник согласно член 10 точка 20 од Законот за Царинската управа на Република Северна Македонија (изменет во 2008 година).
Вкупниот износ доделен за подготвителните активности во рамките на Стратешкиот проект е 40.000 евра – соодветно по 20.000 евра за секоја земја партнер.
Времетраењето на реализацијата на проектот е до 6 месеци.
Подобна прекугранична област во која може да се спроведат подготвителните активности во рамките на Стратешкиот проект е:
• Области Благоевград и Ќустендил на Република Бугарија;
• Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион на Република Северна Македонија.
Комплетниот пакет со документи за апликација е објавен на следните веб-страници:
www.ipa-cbc-007.eu/
www.eufunds.bg/
http://mls.gov.mk/
Краен рок за доставување на предлог проекти е 18.08.2022 година, 17:30 часот.
Предлозите за проекти мора да се достават целосно по електронски пат, преку електронскиот систем: https://bp-ipa-cbc-007.mrrb.bg/beneficiary_reg/registration/add
За повеќе информации, можете да се јавите во Заедничкиот секретаријат на Програмата:
Централна канцеларија Ќустендил: телефон +359 (0) 78 58 01 01;
Подружница Струмица: телефон + 389 (0)34 330 331.
Пакет документи за апликација:
Правила за апликација и имплементација со прилозите кон нив;
Подобност на трошоците за техничка помош за надворешни корисници;
Акционен план (Анекс 13.1);
Пример на буџет (Анекс 13.2)