Ден на европската соработка 2016

13.09.2016

Нашата програма на 10-ти септември 2016 година во Банско, Република Бугарија по петти пат го прослави Денот на европската соработка. Пред преполниот плоштад легендарната македонска група Леб и сол заедно со Оркестарот на Камерната опера од Благоевград  под диригентската палка на Саша Николовски – Ѓумар и водителот, харизматичниот пеач Рафи Бохосјан го претставија проектот "Леб и сол Symphony" во рамки на концертот "Заедничките граници не прават поблиски”.

Присутните граѓани, туристи, новинари, бенефициенти и пријатели на програмата  уживаа во прекрасната музика креирана во текот на 40-годишната кариера на Леб и сол надополнета со прекрасните оркестрации на Оркестарот на Камерната опера од Благоевград.

Настанот e организиран од Interreg - IPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е дел од прославата на Денот на европската соработка, кој се слави низ цела Европа со цел одбележување на постигнувањата на територијалната соработка помеѓу државите.
Facebook icon
Twitter icon