Промоција на туристички атракции во 3D - ТАП 3D

Код на проектот:CB006.1.21.193
Покана:CB006.1
Приоритет:2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:495074.11 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.10.2018
Поле на интервенција:092 Заштита, развој и промоција на општествени туристички вредности
Резиме на проектот:

Активности по проектот
Проектот имаше за цел подобрување на туристичкиот потенцијал на прекуграничната област Ќустендил - Северо-источен регион за одржливо искористување на културното и природното наследство во регионот, преку презентирање на атрактивен начин на заедничко природно и историско наследство во регионот, изработка на 3Д видеа и нивна проекција во текот на роуд-шоуто за да се надополни атрактивноста на целиот регион и да се зголеми туристичкиот проток. Со употреба на современи ИКТ, целта беше да се направат познати туристичките атракции во регионот за  корисниците на Интернет и социјалните медиуми, да се зајакнат можностите за соработка меѓу заинтересираните страни во туризмот преку обезбедување простории за состаноци, истовремено служејќи како изложбени сали посветени на заедничкото природно, културно и историско наследство на регионот.
Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности:

- Инвентар и каталогизација на туристички места во областа на Ќустендил и Северо-источниот регион;
- Адаптирање на сали за туристички изложби од двете страни на границата;
- Промотивни 3Д-видеа за мапирање на туристички места во регионот;
- 3Д туристичко промотивно роуд-шоу;
- Мерки за информации и публицитет.

 

Резултати од проектот
Туристичката атрактивност на културните, природните и историските места во прекуграничната област Ќустендил и Северо-источниот регион беше промивирана со помош на иновативни аудиовизуелни алатки и ИКТ технологии. Можностите за соработка меѓу заинтересираните страни во туризмот беа подобрени со обезбедување простории за состаноци, истовремено служејќи како изложбени сали посветени на заедничкото природно, културно и историско наследство на регионот. Со проектот се зголеми туристичкиот потенцијал на прекуграничната област на Ќустендил и Северо-источниот регион за одржливо искористување на културното и природното наследство во регионот. Изработени се 16 промотивни видеа што го претставуваат културното и природното наследство на целниот регион. 3 изложбени сали во 2 згради во Бугарија и во Северна Македонија беа реновирани, опремени и ставени во функција. Изложбените сали служат како туристички-ориентирани простории за презентации и за конференциски цели.

Партнери

Водечки партнер
Обласна администрација Ќустендил
Ќустендил
Партнер на проектот 2
Центар за развој на третиот Северо-Источен плански регион
Североисточен регион