Активности по проектот Проектот имаше за цел подобрување на туристичкиот потенцијал на прекуграничната област Ќустендил - Северо-источен регион за одржливо искористување на културното и природното наследство во регионот, преку презентирање на атрактивен начин на заедничко природно и историско наследство во регионот, изработка на 3Д видеа и нивна проекција во текот на роуд-шоуто за да се надополни атрактивноста на целиот регион и да се зголеми туристичкиот проток. Со употреба на современи ИКТ, целта беше да се направат познати туристичките атракции во регионот за корисниците на Интернет и социјалните медиуми, да се зајакнат можностите за соработка меѓу заинтересираните страни во туризмот преку обезбедување простории за состаноци, истовремено служејќи како изложбени сали посветени на заедничкото природно, културно и историско наследство на регионот. Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности: - Инвентар и каталогизација на туристички места во областа на Ќустендил и Северо-источниот регион; - Адаптирање на сали за туристички изложби од двете страни на границата; - Промотивни 3Д-видеа за мапирање на туристички места во регионот; - 3Д туристичко промотивно роуд-шоу; - Мерки за информации и публицитет. Резултати од проектот Туристичката атрактивност на културните, природните и историските места во прекуграничната област Ќустендил и Северо-источниот регион беше промивирана со помош на иновативни аудиовизуелни алатки и ИКТ технологии. Можностите за соработка меѓу заинтересираните страни во туризмот беа подобрени со обезбедување простории за состаноци, истовремено служејќи како изложбени сали посветени на заедничкото природно, културно и историско наследство на регионот. Со проектот се зголеми туристичкиот потенцијал на прекуграничната област на Ќустендил и Северо-источниот регион за одржливо искористување на културното и природното наследство во регионот. Изработени се 16 промотивни видеа што го претставуваат културното и природното наследство на целниот регион. 3 изложбени сали во 2 згради во Бугарија и во Северна Македонија беа реновирани, опремени и ставени во функција. Изложбените сали служат како туристички-ориентирани простории за презентации и за конференциски цели. |