Информативен ден за стратешки проект
На 24 април 2023 година, во просториите на Областната администрација Благоевград, претставниците на Управниот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат одржаа информативен ден. Обуката беше наменета за членовите на проектните тимови на Областната администрација Благоевград и Царинската управа на Северна Македонија кои ќе бидат дел од Ограничениот повик за предлог на стратешки проект на однапред дефинираните апликанти - „Воспоставување на нов граничен премин Берово - Струмјани (Клепало) помеѓу Бугарија и Северна Македонија“ No 2021TC16IPCB006 – 2022 – 1