Беласица - планината на активните луѓе

Код на проектот:CB006.1.22.081
Покана:CB006.1
Приоритет:2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:116312.00 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:092 Заштита, развој и промоција на општествени туристички вредности
Резиме на проектот:

Главната цел на проектот е да се зголеми популарноста на Беласица и да се подигне конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регион на транс-граничната скала. Ќе бидат организирани, промовирани и одржани голем број на алтернативни туристички иницијативи во двете земји. Планирани се  5 заеднички туристички производи / настани: Беласички активен викенд (се состои од три патеки за трчање, една за планински велосипедизам и промотивни настани); Велосипедска турнеја Беласица; Беласички велосипедизам за деца; изработка на 2 тематски велосипедски патеки. Покрај тоа, предвидена е изработка на 3 заеднички летоци, 5 промотивни видео клипови и 1 краток филм, за кои е планирано таргетот да изнесува повеќе од 8000 луѓе.
Очекувани резултати од проектот се: создавање одржливи производи / настани од областа на алтернативниот туризам; демонстрација на потенцијалот на прекуграничната област на Беласица за алтернативен активен туризам; создавање на заеднички имиџ на прекуграничниот регион на Беласица; зголемување на конкурентноста на прекуграничната туристичка понуда; и создавање на повеќе лични и професионални контакти меѓу велосипедистите, тркачите и посетителите од двете земји.

 

Веб-страница на проектот:

www.active-belasitsa.com

Партнери

Водечки партнер
Планинарско Еколошко Друштво Еделвајс
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Асоциација “Клуб за екстремни спортови и планинарство-Бела Екстриим”
Благоевград