Климатски пријателски здравствени институции

Код на проектот:CB006.2.12.027
Покана:CB006.2
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:399403.93 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.07.2021
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

Проектот ќе ги зајакне здравствените системи за справување со заканите по здравјето од климатските промени, вклучувајќи ги и итните случаи поврзани со екстремните временски настани. Проектот ќе ги опфати потребите од болестите поврзани со климатските промени преку поддршка на подготовката на стратегиите за адаптација на здравјето за двете општини и формулирање на планови за прилагодување кои ќе бараат акција на здравствениот систем. Проектот ќе го обезбеди здравствениот сектор во општините Штип и Гоце Делчев со информации, алатки и совети за активно учество во локалните, националните и регионалните механизми за климатски промени. Подготовката на здравствениот сектор за намалување на ризиците на климатските промени на здравјето на луѓето треба да започне со развој на климатски пријателски здравствени институции и институции кои се одговорни за животната средина. Проектот ќе ги реши овие предизвици со спроведување на мерки за ублажување на климатските промени со реконструкција на дел од болницата во Штип и делумна реконструкција на болницата во Гоце Делчев (за намалување на емисија на стакленички гасови), како и спроведување на мерки за прилагодување, замена на опремата во болницата во Гоце Делчев, што ќе резултира со намалување на потрошувачката на вода.

 

Веб-страница на проектот:

https://healthy-climate.org/

Партнери

Водечки партнер
Општина Гоце Делчев, Благоевград
Благоевград
Партнер на проектот 2
ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Источен регион
Источен регион