Прекугранично партнерство за заштита на животна средина и подобар квалитет на живот (Waste EDU)

Код на проектот:CB006.1.11.022
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:119302.41 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Проектот има за цел да се подобри управувањето со отпадот и спречување на загадувањето во прекуграничната област , подобрувајќи ги знаењата во врска со негативното влијание од несоодветно управување со отпадот, последици за животната средина и животот.  Амбициозна програма за работа на проектот претставува интегриран пристап во областа на образованието, како и управувачки акции во заедницата за отстранување на нелегалните депонии и спречување на загадувањето. Овој пристап ќе се реализира преку развој на различните алатки (Заедничката програма за обука WasteEDU, EduBook "Животен циклус на отпад", мапирање на софтвер и веб-портал), кој може да се користи во процесот на основното образование на децата и да се промовира во рамките на: различни градења на капацитетите, обука (Заеднички Зелени училишта и кампови) и настани за вмрежување (Форум за дискусија и Конференција) кои ќе се реализираат во текот на проектот.
Целните групи кои ќе бидат вклучени во проектот се: ученици, училиштата, невладини организации, здруженија и други организации кои поддржуваат  еколошки иницијативи и иницијативи за младите, мали и средни претпријатија кои работат во областа на управувањето со отпадот, регионални и локални власти.
Како резултат на проектот, целните групи ќе бидат обезбедени со различни алатки за подигање на свеста и поттикнување на директна вклученост и учество на младите луѓе во кампањи за заштита на животната средина. Покрај тоа, партнерите на проектот преку разни промотивни активности и активности за подигнување на свеста ќе се залагаат за зголемување на учеството на младите во решавањето на проблемите поврзани со намалување на отпадот, рециклирање и превенција, како и нивното знаење за придобивките од намалување, рециклирање и правилно управување со отпадот.

 

Веб-страница на проектот:

http://wasteedu.eu

 

Facebook страница:

https://www.facebook.com/WasteEdu2017

Партнери

Водечки партнер
Сојуз на производители на еколошка енергија - BG (СПЕЕ - BG)
Благоевград
Партнер на проектот 2
Центар за климатски промени - Гевгелија
Jугоисточен регион