Заштита на населението во општините Струмјани и Карбинци преку спречување на штетите од поплави
Код на проектот: | CB006.1.12.175 |
Покана: | CB006.1 |
Приоритет: | 1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС |
Вид на проектот: | Investment |
Времетраење на проектот (во месеци): | 24 |
Вредност на договорот: | 379150.14 € |
Кофинансирање од ЕУ: | 85.00 % |
Датум на започнување на проектот: | 17.10.2016 |
Датум на завршување на проектот: | 16.10.2018 |
Поле на интервенција: | 087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура. |
Резиме на проектот: | Проектот има за цел враќање на нормалниот социјален и економски живот на повеќе од 7977 луѓе. Тој нуди сложено решение за проблемите со високите води во две најпогодени општини - Карбинци и Струмјани. Во проектот се вклучени како главни активности корекција на речните корита на Козјачка Река во Карбинци и на реката Шашка во Струмјани затоа што тие со своите нарушени корита се закана за територијата и инфраструктурата и здравјето на граѓаните од двете општини. Со проектот се предвидува изведување на градежни работи во двете општини и под надзор на независна градешна контрола. Проектот е изработен врз основа на прелиминарни студии и анализи на состојбата на двата водотека. Со реализацијата на проектот ќе се осигури безбедноста и здравјето на населението во целиот регион. |
ПартнериВодечки партнер Општина Карбинци Источен регион Партнер на проектот 2 Општина Струмјани Благоевград | |