Зелени детски градинки за одржлива иднина (Зелени детски градинки)

Код на проектот:CB006.1.11.079
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):18
Вредност на договорот:398574.35 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.04.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Проектот има за цел заштита на животната средина и одржливa  употреба на заедничките природните ресурси во областа на прекуграничната соработка и придонесува кон инвестирањето во зелена инфраструктура и енергетско образование во прекуграничниот регион, конкретно  во градинките и кај  децата од предучилишна возраст.
Проектот се однесува на инвестиции од мал обем во ЕЕ и ОИЕ во детските градинки во Струмица и Ќустендил (реконструкција, набавка на опрема за "зелени" училници, изградба на "зелени" игралишта); спроведување на заедничка програма за градење на капацитетите на наставниците; едукација на децата и родители за заштита на животната средина и одржливото користење на заеднички природните ресурси, итн.  Со цел да се изврши реконструкцијата и другите инвестициски зафати во детските градинки во Струмица и Ќустендил, ќе бидат ангажирани изведувачи; исто така, предвидено е ангажирање на надворешни експерти, со цел да се развие и имплементира програма за градење на капацитетите на наставниците, обуки за децата и родители за заштита на животната средина и одржливото користење на заеднички природните ресурси, итн.
Детските градинки во Струмица и Ќустендил се очекува да станат "зелени", со цел за заштита на животната средина и одржлива употреба на заеднички природните ресурси и заштеда на енергија; се очеува зголемување на обемот на знаење на наставниците во градинките, децата и родителите за заштита на животната средина и одржливото корисење на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион; Ќе се воспостави прекугранична мрежи за соработка помеѓу наставниците во градинките, децата и родителите.

 

Веб-страница на проектот:

www.greenkindergartens.eu/

 

Facebook страница:

www.facebook.com/greenkindergartens/

 

Партнери

Водечки партнер
Јавна општинска установа за деца - Детска градинка "Детска радост" - Струмица
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Детска градинка “Први Јуни” - Ќустендил
Ќустендил