Зелени згради за заедничка зелена иднина - GREEN
Код на проектот: | CB006.1.11.038 |
Покана: | CB006.1 |
Приоритет: | 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС |
Вид на проектот: | Investment |
Времетраење на проектот (во месеци): | 24 |
Вредност на договорот: | 398436.31 € |
Кофинансирање од ЕУ: | 85.00 % |
Датум на започнување на проектот: | 17.10.2016 |
Датум на завршување на проектот: | 16.10.2018 |
Поле на интервенција: | 085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура |
Резиме на проектот: | Проектот ќе создаде подобри услови за поодржлива енергетската иднина во прекуграничниот регион преку изградба на енергетски ефикасни јавни објекти, подобрување на свеста на населението и засегнатите страни за придобивките од мерките за енергетска ефикасност и зголемување на капацитетот на јавната администрација за мерките за енергетска ефикасност и климатските промени, унапредување на енергетската ефикасност како средство за постигнување на одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот во прекуграничниот регион. Проектните активности вклучуваат: градење на капацитети за климатски промени, подигање на јавната свест, јакнење на капацитетите - зелена инфраструктура, реконструкција на општинската зграда - Кочани, реконструкција на зградата на регионалната управа во Благоевград, тематски работилници и турнеја кампања, развојот на регионалната енергетска стратегија - Благоевград. Проектот ќе има долгорочно позитивно влијание врз животната средина во прекуграничниот регион и ќе го подобри квалитетот на животот преку подобрување на квалитетот на воздухот. Со имплементација на планираните работи за јавните објекти, трошоците за електрична енергија и греење треба да се намалат за околу 3% на годишно ниво. Постигнувањата на проектот ќе се користат како основа за препораката за дефинирање на конкретни политики во областа на животната средина, стратегии и активности, кои понатаму ќе се развиваат од страна на тимовите на двајцата партнери, од страна на локалните власти, од универзитетите и невладините организации кои работат во областа на заштитата на животната средина. |
ПартнериВодечки партнер Центар за развој на Источниот плански регион Источен регион Партнер на проектот 2 Областна администрација Благоевград Благоевград | |