Зголемување на потенцијалот за претприемништво и вработување на младите преку вмрежување и градење капацитети (Старт-ап Академија Бугарија - Македонија)

Код на проектот:CB006.1.31.018
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:114337.23 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:104 Самовработување, претприемништво и отворање на фирми, вклучувајќи микро, мали и средни претпријатија
Резиме на проектот:

Проектот е фокусиран на развој на претприемништво за млади за да се поттикне производството на старт-ап претпријатија,  што ќе помогне за подобрување на конкурентноста на регионалната економија. Со спроведувањето на активностите на проектот ќе се мотивираат младите да започнат потфати за свој сопствен бизнис.
Главните активности на проектот вклучуваат: истражување и анализа на постоечката средина во прекуграничниот регион  во однос на развојот на претприемништвото за млади; младински натпревар за бизнис идеи во Бугарија и Македонија; младински клубови за бизнис старт-апи и советување (основање и работење за 12 месеци); програма за градење на капацитетите за претприемништво за млади (Старт-ап академија фаза 1); Развој, ажурирање и одржување на веб-портал и социјален медиум "Старт-ап академија БГ-МК"; Бизнис водич “Start@up Smart”  за млади бизнис ентузијасти; производство и промоција на мотивациони кратки видеа за поддршка на претприемништво за млади; Форум "Развивање и поддршка на млади претприемачи во прекуграничната област - предизвици и можности" во Бугарија. Подобрување на прекугранични партнерства помеѓу млади луѓе со претприемачки дух преку вмрежување на  прекугранични настани, обуки, интернет и алатки од социјалните медиуми.

 

Веб-страница на проектот:

www.startup-bgmk.eu

 

Facebook страница:

www.facebook.com/Start-up-Academy-BG-MK

Партнери

Водечки партнер
Туристички сојуз Струмица
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Здружение Бизнис информации и консалтинг центар – Сандански
Благоевград