Енергетски ефикасно осветлување во Делчево (набавка, испорака и инсталација на LED светилки)

13.01.2017

Енергетски ефикасно осветлување во Делчево (набавка, испорака и инсталација на LED светилки)​ 

 

Референтен број: CB006.1.11.114/PP2-01

 

 

Општина Делчево има намера да додели договор за работа за "Енергетски ефикасно осветлување во Делчево (набавка, испорака и инсталација на LED светилки)" во Делчево со финансиска помош од Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија CCI 2014TC16I5CB006.

Тендерското досие е достапно за преземање од официјалната интернет страница на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk, како и од официјалната интернет страница на програмата  Interreg - ИПА CBC: http://www.ipa-cbc-007.eu/, секција Тендери.

Тендерското досие е исто така достапно во просториите на договорниот орган, на адреса, посочена во точка 5. Понудите треба да бидат доставени со користење на стандардна тендерска форма вклучена во тендерското досие, чија форма и инструкции треба стриктно да се почитуваат. Комплетната тендерска документација (вклучувајќи и цртежи) е исто така достапна во CD формат (коja се можe да бидe превземенa или да бидe испратенa по брза пошта), врз основа на претходно поднесување на писмено барање испратено по факс или е-mail (со наведување на број и назив нa тендерот, име, адреса на правното лице и контакт тел / факс броеви и e-mail адреса).

Комплетната тендерска документација во  CD формат (вклучувајќи ги и цртежите) можат да бидат превземени од Општина Делчево на следната адреса: ул "Светозар Марковиќ" бр.1. 2320 Делчево.

Крајниот рок за доставување на понудата е 13.02.2017 до 16.00 часот по локално време.

 

Тендерското досие е достапно ТУКА

 

 

 

Facebook icon
Twitter icon