Изградба на брвнара (дрвена куќа) за туристички информативен центар и туристичка логистика (Работи, изградба на кабина во Пехчево) CB006.1.21.166 / LP-2

11.08.2017

Општина Пехчево има намера да додели договор за работа за "Брвнара за туристичко информативен центар и туристичка логистика (работи, изградба на брвнара во Пехчево)" во Пехчево со финансиска помош од INTERREG IPA CBC Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI 2014TC16I5CB006.

 

 

Тендерското досие е достапно за преземање на официјалната веб-страница на општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk, како и на официјалната веб страница на програмата INTERREG IPA CBC http://www.ipa-cbc-007.eu/, Тендерското досие за овој јавен повик  е исто така е достапно за превземање и  во просториите на општина Пехчево (види подолу). Понудите мора да се поднесат со користење на стандардниот тендерски формулар вклучен во тендерската документација чиј формат и упатства мора строго да се почитуваат. Целосната тендерска документација (вклучувајќи цртежи) исто така е достапна само во ЦД-формат (да се подигнне лично или да се испрати со курирска услуга), по претходно поднесување на писмено барање испратено по факс или е-пошта (во кое се наведува името на тендерерот и број на тендерот, име на правното лице, адреса и телефонски број за контакт и / или факс и адреса за е-пошта).

 

Целокупното тендерско досие во ЦД-формат (вклучувајќи ги цртежите) може да се подигне од општина Пехчево на следната адреса - ул.Равен 8, Пехчево 2326.

 

Крајниот рок за поднесување на понудите е 08.09.2017, 16.00 часот по локално време.

 

 

 

Facebook icon
Twitter icon