Изградба на објект во вид на брвнара за инфо центар и туристичка логистика (градежни работи, конструкција на брвнара во Пехчево)
Изградба на објект во вид на брвнара за инфо центар и туристичка логистика (градежни работи, конструкција на брвнара во Пехчево)
Референтен број: CB006.1.21.166/LP-2
Општина Пехчево има намера да додели договор за работа за изградба на објект во вид на брвнара за инфо центар и туристичка логистика (градежни работи, конструкција на брвнара во Пехчево), со финансиска поддршка од Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014- 2020 г.
Тендерската документација е на располагање за превземање од официјалната страница на општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk,како и на официјалната страница на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија www.ipa-cbc-007.eu во делот Тендери. Исто така е достапна за увид во просториите на договорниот орган (види подолу). Понудите треба да бидат доставени со користење на стандардна тендерска форма вклучени во тендерското досие, чија форма и инструкции треба стриктно да се почитуваат. Комплетната тендерска документација (вклучувајќи и цртежи) е исто така достапен во CD формат (може да биде превземена лично или да биде испратена по брза пошта), врз основа на претходно поднесување на писмено барање испратено по факс или е-пошта (со наведување на референтен број и назив, име, адреса на правното лице и контакт тел / факс броеви и e-mail адреса).
Комплетната тендерска документација во формат на CD (вклучувајќи ги и цртежите) може да биде превземена од општина Пехчево на следната адреса - ул Равен. 8, Пехчево 2326.
Крајниот рок за доставување на понудите е 01.03.2017, 16.00 час. (по локално време).
Тендерската документација е достапна ТУКА