Корекција бр.1 на тендерска постапка: Градежни работи во општина Бобов Дол во рамките на проектот "Заедничка акција за превенција од поплави во прекуграничниот регион"

22.02.2017

Корекција бр.1 на тендерска постапка: Градежни работи во општина Бобов Дол во рамките на проектот: Заедничка акција за превенција од поплави во прекуграничниот регион

 

Референтен број: CB006.1.12.042-2-3 

 

 

 

Врз основа на писмо за барање на дополнителни информации број ЕП-08-03-14 од 16.02.2017 откриен е недостаток на два формулара - Образец 4 .1 Општи информации за понудувачот и Образец 4.2 Организациона структура во Том 1, Дел 4 од тендерската документација.

Корекцијата е објавена на интернет страната на Програмата и на официјалната интернет страна на општина Бобов дол, заедно со гореспоменатите документи.

Со оглед на фактот дека содржината на документите е празна, заинтересираните страни може да ги користат, исто така анексите на најновата верзија на Практичниот водич (PRAG) и прилозите кон него, кои може да се симнат од следната интернет страница:

http://ec.europa.eu/europeaid/funding/about-funding-and-procedures/procedures-and-practical-guide-prag_en.

 

Поради незначителниот технички пропуст нема да има промена на крајниот рок за поднесување на понудите - 10.03.2017, 17:00 ч.

Сите други одредби и услови од тендерската документација "Градежни работи во општина Бобов Дол во рамките на проектот "Заедничка акција за превенција од поплави во прекуграничниот регион"" остануваат непроменети. Горенаведените промени и / или корекции на тендерското досие се составен дел од тендерското досие.

 

Документот за корекција и корегираните документи може да ги најдете ТУКА

Facebook icon
Twitter icon