Тендерска постапка за „Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“
Тендерска постапка за „Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“
Референтен број: CB006.2.21.143 - PP1/04
Општина Струмица започнува тендерска постапка за работа за „Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“ со референтен бр. CB006.2.21.143 - PP1 / 04. Тендерската постапка е започната во рамките на Проектот „Зачувување на духовните светилишта - одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил“ реализиран со финансиска помош од Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 - 2020, CCI 2014TC16I5CB006.
Тендерското досие е достапно на следниве веб-страници:
http://www.ipa-cbc-007.eu/
https://www.strumica.gov.mk/
Крајниот рок за доставување на понудите е 10.01.2020 - 14.00 ч. по македонско време.
Евентуалните дополнителни информации поврзани со оваа тендерска постапка ќе бидат објавени на горенаведените веб-страници.
Тендерската документација е достапна ТУКА
Договорниот орган е орган надлежен за појаснување во врска со тендерската постапка.