Тендерска постапка за набавка на противпожарна техника во рамки на проектот "Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

21.04.2022

Тендерска постапка за набавка на противпожарна техника во рамки на проектот "Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“

Референтен број: CB006.2.12.122-05 – LOT 2


Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Струмица, Република Северна Македонија има намера да додели договор за набавка на противпожарна техника во рамки на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари" во Југоисточниот плански регион, Република Северна Македонија, со финансиска помош од Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 година. Тендерската документација е достапна на бул.Маршал Тито бр.1-1, 2400 Струмица и исто така ќе биде објавено во Службениот весник на ЕУ (TED eTendering) на порталот Funding & tender opportunities (F&T Portal): https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/home , на официјалната веб -страница на програмата на следниот линк: http://www.ipa-cbc-007.eu/ и на веб-страницата на Центарот: https://southeast.mk/javni-nabavki/ostanati/.

 

Краен рок за доставување на понудите е 16.00 часот (по локално време) на 23.05.2022 год.

 

Можните дополнителни информации или појаснувања / прашања ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ (TED eTendering) и на порталот F&T, на официјалната веб -страница на договорниот орган https://southeast.mk/javni-nabavki/ostanati/ и на официјалната веб -страница на програмата на следниот линк : http://www.ipa-cbc-007.eu/.

 

Тендерската документација е достапна ТУKA

 

Договорниот орган е орган надлежен за појаснување во врска со тендерската постапка.

Facebook icon
Twitter icon