Тендерска постапка за „Подготвителни активности за изградба/рехабилитација на нов граничен премин (ГП) Струмјани – Берово“

17.02.2023

Тендерска постапка за „Подготвителни активности за изградба/рехабилитација на нов граничен премин (ГП) Струмјани – Берово“

Реферeнтен број: RD-02-29-219 – S


 

Регионална управа Благоевград има намера да додели договор за услуги за изработка на Детален урбанистички план, изработка на идејни опции на планови за урбана парцела за споредба и Финален план за урбана парцела за елементите на инженерската техничка инфраструктура, како и изработка на Инвестициски проект за зградите и објектите во урбаната гранична област во „фаза на идејно проектирање“ за нов граничен премин (ГП) Струмјани – Берово во областа Благоевград со финансиска помош од Interreg-IPA програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија. Тендерската документација и дополнителни информации за тендерската постапка  се достапни од Благоевград, ул. Георги Измирлиев бр.9. а се објавени и на следните веб-страници:

https://www.blagoevgrad.government.bg/bg/ и http://www.ipa-cbc-007.eu.

 

Крајниот рок за доставување на понудите е 20.03.2023 - 17:00 час. (по локално време).

 

Можните дополнителни информации или појаснувања / прашања ќе бидат објавени на следните веб-страници:

https://www.blagoevgrad.government.bg/bg/ и  http://www.ipa-cbc-007.eu

 

Тендерската документација е достапна ТУKA

 

Договорниот орган е орган надлежен за појаснување во врска со тендерската постапка.

 

Facebook icon
Twitter icon