Тендерска постапка за реконструкција на дел од коритото на реката Брегалница во Берово, изградба на тротоар и осветлување
Тендерска постапка за реконструкција на дел од коритото на реката Брегалница во Берово, изградба на тротоар и осветлување
Референтен број: CB006.2.12.120 - PP2 / TP1
Општина Берово започнува тендерска постапка за реконструкција на дел од коритото на реката Брегалница во Берово, изградба на тротоар и осветлување со Референтен број CB006.2.12.120 - PP2 / TP1. Тендерската постапка е започната во рамките на Проектот „Заштита на жителите од една планина долж две реки“ спроведен со финансиска помош од Interreg- ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 - 2020, CCI 2014TC16I5CB006.
Тендерско досие е достапно на веб-страницата на програмата и веб-страницата на Општина Берово:
http://www.ipa-cbc-007.eu/
https://www.berovo.gov.mk/
Крајниот рок за доставување на понудите е 10.10.2019 година, до 14:00 часот (по македонско време).
Евентуалните дополнителни информации поврзани со оваа тендерска постапка ќе бидат објавени на горенаведените веб-страници.
Тендерската документација е достапна ТУКА
Договорниот орган е орган надлежен за појаснување во врска со тендерската постапка.