Уредување на плоштад во Брезница (градежни работи)

10.02.2017

Уредување на плоштад во Брезница (градежни работи)

 

Референтен број: CB006.1.21.166/PP2-01

 

 

Општинскиот културен центар "Петко Рачев Славејков - 1938" во Брезница има намера да додели договор за работа за уредување на плоштадот во Брезница (градежни работи), со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI 2014TC16I5CB006. Тендерската документација е достапна за преземање на официјалниот сајт на програмата за прекугранична соработка  ИНТЕРРЕГ - ИПА http://www.ipa-cbc-007.eu/ во делот Тендери и официјалната веб-страница на општина Гоце Делчев www.gotsedelchev.bg/. Тендерската документација е исто така достапна во просториите на договорниот орган, адреса, како во точка 5. Понудите треба да бидат доставени со користење на стандардна тендерска форма вклучена во тендерското досие, чија форма и инструкции треба стриктно да се почитуваат. Комплетната тендерска документација (вклучувајќи и цртежи) е исто така достапна во CD формат (кое може да се земе на рака или да биде испратено по брза пошта - курирска служба), врз основа на претходно поднесено  писмено барање испратено по факс или е-пошта (со наведување на референтниот број и назив, име, адреса на правното лице и контакт тел / факс броеви и e-mail адреса).
Комплетната тендерска документација во
CD формат (вклучувајќи ги и цртежите) може да биде подигната од Општинскиот културен центар "Петко Рачев Славејков - 1938" на следната адреса:  ул "Неврокоп" бр.1. 2971 Брезница, Република Бугарија.

Крајниот рок за доставување на понудите е 12.03.2017, 16.00 час. по локално време.

 

Тендерската документација може да ја најдете ТУКА

 

 

Facebook icon
Twitter icon