Резултати од административната оценка и проверката на допуштеност на предлог проектите по Вториот повик

13.08.2018

Резултатите од првите две евалуациски фази на предлог проектите, добиени во рамките на Вториот повик за предлог проекти во рамките на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија (1. подготвителна сесија и проверка на доставените предлог проекти и 2. административна оценка и проверка на допуштеност на предлог проектите.) се одобрени од страна на Заедничкиот комитет за следење со Одлука од 13 август 2018 година. 119 од 162 поднесени предлог проекти продолжуваат во следната фаза од оценувањето - 3. Техничка оценка и оценка на квалитетот.

 

Список на предлог проекти кои продолжуваат со Техничка оценка и оценка на квалитетот

Список на одбиени предлог проекти по административната оценка и проверка на допуштеност

 

Кандидатите кои се исклучени од понатамошна евалуација ќе бидат официјално информирани (преку е-mail адресата наведена во Анекс А3) за точните причини за одбивање. Во случај на несогласување со одлуката на Заедничкиот комитет за следење, водечките партнери можат да поднесат жалба до Управниот орган во рок од 7 работни дена по приемот на известувањето.

 

Facebook icon
Twitter icon