ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ Е ЗАТВОРЕН - Добиени се вкупно 162 предлог проекти
Поднесувањето на предлог проектите во рамките на Вториот повик за предлог проекти на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 заврши денес на 11 мај 2018 година во 17 часот по бугарско време (ЕЕТ - источно европско време).
Преку системот за електронско кандидирање беа примени вкупно 162 предлог проекти.
Вториот повик за предлог проекти беше објавен на 09.02.2018 година. Вкупниот износ на повикот беше 6 917 631 евра.