Важно! Измена на постапката за поднесување жалба на резултатите од оценката на квалитетот и изборот на предлог проекти во рамките на вториот повик
Со одлука на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија од 17 јануари 2019 година беше изменета постапката за жалба по оценката на квалитетот и селекцијата на проектни предлози од вториот повик. Измените се во т. 2 "Жалба по техничката оценка и оценка на квалитетот" на Анекс 3 "Постапка за жалба" кон Упатството за аплицирање.
Од постапката отпаѓа барањето пред поднесување на приговор Водечките партнери да побараат од Управувачкиот орган формулар кој ја содржи просечната оценка и збирните коментари на оценувачите. Формуларот се испраќа од Управувачкиот орган до сите водечки партнери, чии предлози се вклучени во листата со резерви или се отфрлени, како анекс на писмото за резултатите од изборот. На овој начин, приговорите можат да бидат официјално поднесени не подоцна од 7 работни дена по приемот на писмота за резултатите од оценката и изборот.
Изменетиот Анекс 3 "Постапка за жалба" кон Упатството за аплицирање е објавено ТУКА.