На 6-ти декември 2022 година, во Струмица се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседаваше г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.