2020+

Програма INTERREG-IPA Бугарија - Северна Македонија

08.11.2022

Програмата INTERREG-IPA Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 може да ја најдете ТУКА

Комуникациската стратегија на Програмата може да ја најдете ТУКА

Седница на Заедничката работна група за Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

11.03.2022

На 11 март 2022 година онлајн преку Webex платформата се одржа седницата на Заедничката работна група на Interreg ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Делјана Иванова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и беше копретседаван од г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија. Поздрави искажа г-ѓа Клаудија Феурле, претставник на Генерална дирекција "Регионален развој" на Европската Комисија.

Јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС)во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027

14.02.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година, оствари 3 јавни расправи во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл.

Дискусија за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата 2021 - 2027

21.01.2022

Министерството за регионален развој и јавни работи, како Управувачки орган (УО) на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година на 20 јануари 2022 година преку Webex  платформата организираше дискусија за  за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на програмата и за Територијалната стратегија за интегрирани мерки.

Отпочнување на консултации за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година

20.01.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година, започна јавни консултации во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл.

Дознајте повеќе за идната програма во делот 2020 +

12.11.2021

Почитувани корисници и засегнати страни, документите поврзани со фазите на изработка на идната програма се достапни во паѓачкото мени на секцијата 2020+

Pages

Subscribe to 2020+