Онлајн обука за членови на екипите за управување на проектите
На 17 и 18 март 2021 година преку платформата Zoom се одржа обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти од списокот со резерви. Во присуство на 18 членови на тимовите за управување со проекти, претставниците на Националниот орган, Прво ниво на контрола и Заедничкиот секретаријат ги претставија темите: техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, информација и визуелизација, процедури за договарање, електронски систем за размена на документи и информации, верификација на трошоците од контролор, нерегуларности како и други поврзани прашања.
Во текот на обуката, членовите на екипите за управување на проектите имаа можност да поставуваат прашања во врска со спроведувањето на проектите.
Презентациите од обуката може да ги превземете од ТУКА