Оглас за вработување на Експерт мониторинг - Мониторинг на инвестиционни проекти
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МОНИТОРИНГ ВО РАМКИ НА ИНТЕРРЕГ ИПА VI A ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ БУГАРИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021 - 2027
Ј А В Е Н О Г Л А С
Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI A ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006 објавува јавен оглас за следната работна позиција:
1 (eден) експерт за инфраструктура и мониторинг во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА VI A
програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија CCI 2021TC16IPCB006.
Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете на следните официјални страни: www.mls.gov.mk ; http://www.ipa-cbc-007.eu/
Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Мотивациско писмо на англиски јазик;
- Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
- Копија од диплома (универзитетска диплома од полето на архитектура, градежно инженерство или други релевантни стручни науки (минимум 240 EKTC, или VII/1 степен);
- Треба да се достават фотокопии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија.
Документите треба да се достават на следната е-маил адреса: tatjana.janevska@yahoo.com
Краен рок за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација преку е-пошта до 8 август 2023 година најдоцна до 15:00 часот.
Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.
Дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број: +389 70 737-129