Церемонијата за врачување на договори од Првиот повик за предлог проекти се одржа во Софија

21.10.2016

На 19 октомври 2016 година во Хотел Хилтон во Софија се одржа Церемонија за врачување на договори од Првиот повик за предлог проекти во рамки на Interreg - IPA CBC Програмата Бугарија - Македонија.

На свеченоста, заменик-министерот за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, г-ѓа Деница Николова и заменик-министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г-дин Љупчо Пренџов ги врачија договорите на претставниците на организациите - бенефициенти на проектите кои ќе се финансираат во рамките на Првиот повик за предлог проекти.

 

Facebook icon
Twitter icon