Европски ден на соработка 2016 - Концерт “Заедничките граници не прават поблиски”
Концерт “Заедничките граници не прават поблиски”
Леб и сол Symphony & оркестар на Камерна опера – Благоевград
Во рамки на прославата на Европскиот ден на соработка оваа година на 10-ти септември 2016 година (сабота) на градскиот плоштад во прекрасниот туристички центар, градот Банско, Бугарија од 20 часот ке се случи еден неповторлив настан.
Под мотото “Заедничките граници не прават поблиски“ на отворена сцена најпознатата македонска група “Леб и сол” заедно со оркестарот на Камерната опера од Благоевград формиранa во 1972 година на присутните ке им го претстават проектот “Леб и сол Symphony”.
“Леб и сол Symphony” претставува заедничка уметничка креација на членовите на култната македонска музичка група составена од Бодан Арсовски - бас, Кокан Димушевски - клавијатури, Димитар Божиков - гитара и Михаил Парушев- тапани со симфонискиот оркестар при Камерната опера од Благоевград, под диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар. Водител ке биде познатиот бугарски пејач Рафи Бохосјан.
Концертот ќе ги обедини класичниот и популарниот музички израз и преку звукот на класичниот оркестар, на публиката ќе и биде понудено најдоброто од 40-годишниот репертоар на “Леб и сол” кој е исполнет со прекрасни нумери како што се Деветка, Бистра вода, Учи ме мајко карај ме, Ајде сонце зајде, Јовано Јованке.
Настанот е во организација на Interreg – IPA Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е дел од чествувањето на Европскиот ден на соработка кој се прославува во цела Европа веќе 5-та година по ред со цел одбележување на достигнувањата на територијалната соработка помеѓу државите.
Ве очекуваме во Банско!