Форум за пронаоѓање на партнери во град Сандански, во рамките на Првиот повик за проектни предлози

03.11.2015

Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија има задоволство да ги покани сите заинтересирани организации да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 12.11.2015 год. (четврток), во Земјоделска професионална гимназија "Климент Тимирјазев ", град Сандански,  ул." Ѓорѓи Казепов " бр.1, Република Бугарија, со почетен час на регистрација 13:00 часот (бугарско време).

Настанот дава можност на организации кои сакаат да поднесат проектни предлози за Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со такви, со цел остварување на идни партнерства и заеднички активности.

На настанот ќе бидат претставени основните принципи на партнерството и предусловите за создавање на успешна и плодна соработка.

Учесниците на форумот ќе бидат распределени во групи според природата на нивната проектна идеја.

Учеството на форумот е со претходна регистрација (максимум двајца претставници од една организација), во рок до 11.11.2015 год. (среда), на e-mail адреса: jtsipakyustendil@gmail.com

Прелиминарната програма и формуларот за регистрација за настанот може да ги најдете ТУКА.

Прелиминарна програма

Формулар за регистрација

Го очекуваме Вашето присуство!

Facebook icon
Twitter icon