Ова е Европа
Interreg започна комплетно нова комуникациска иницијатива. Таа е наречена „Ова е Европа“ и ке ве однесе до четирите страни на Европа за да ги слушнете обчните граѓани како зборуваат за тоа како Interreg им го има променето животот на подобро.
Тоа се вистински истории на вистински луѓе, раскажани со сопствени зборови во кои се покажува реалното влијание на нашата работа.
Веќе можете да ја слушнете првата епизода на следниот линк: https://this-is-europe.simplecast.com/episodes/a-green-europe). Доколку се претплатите можете автоматски да ги добивате следните епизоди доректно на вашиот уред. Ги охрабруваме сите засегнати страни да ги слушаат сите епизоди, и ова информација да ја споделат преку социјалните медиуми, интернет, е-пошта, итн.
Подкастот се појавува во моментот кога Interreg полни 30 години, така што првите епизоди ќе се фокусираат на темите на годишнината: Зелена Европа, Секој има сосед и Млади. По препорака на DG REGIO, првата епизода ќе се фокусира на Зелена Европа. Следните две се планирани за објавување во јуни и септември. За среќа, снимките од локацииите за овие две епизоди се веќе завршени, непосредно пред појавата на коронавирусот во Европа. Предвидено е четвртаta епизода да биде снимена „во живо“ за време на недела на региони и градови во ЕУ . Тоа секако ќе зависи од одобрувањето на организаторите на Неделата, но сметаме на поддршката на DG REGIO како и досега.
Се надеваме дека слушањето за успесите на Interreg од вистинските корисници ќе ви донесе насмевка на вашите лица.