Потврда за затворање на помошта и за почетниот период наведен во член 133 (5) од Регулативата на Комисијата (EC) бр. 718/2007 – IPA CBC Програма Бугарија - поранешна југословенска Република Македонија 2007-2013, CCI 2007CB16IPO007
Во согласност со членот 133 (5) од Регулативата на Комисијата (EC) бр. 718/2007, службите на Комисијата ве известуваат дека сите операции поврзани со затворање на IPA CBC Програмата Бугарија - поранешна југословенска Република Македонија 2007-2013, CCI 2007CB16IPO007 се извршени.
Следствено, датумот на започнување на тригодишниот период во кој придружните документи во врска со горенаведената помош мора да се чуваат и да бидат достапни во согласност со член 134 (1) од Регулативата (EC) бр. 718/2007 е утврден на 14 декември 2020 година, што одговара на финалната исплата.
Ве молиме, имајте во предвид дека периодот од три години може да биде прекинат или во случај на правна постапка или по соодветно мотивирано барање на Комисијата.
Сакаме да ве потсетиме дека ова известување не го нарушува правото на Комисијата да покрене каква било постапка за финансиска корекција според член 138 од Регулативата (EC) бр. 718/2007 и mutatis mutandis според членовите 99 и 100 од регулативата (EC) бр. 1083/2006 како резултат на наодите од каква било ревизија на декларираните трошоци во врска со референтната помош.