Празнување на Денот на европската соработка 2017

28.09.2017

На 27 септември 2017 година во организација на нашата Interreg - ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија се одржа прослава на Денот на европската соработка 2017. Прославата се одржа во спортската сала "Арена Петрич" во Петрич. Официјалните гости на настанот беа: г-дин  Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа на Република Македонија;  г-ѓа Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија;  Амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија Н.Е. г-дин Марјан Ѓорчев; г-дин Бисер Михајлов, гувернер на регионалната администрација Благоевград,  г-дин Костадин Костадинов градоначалник на Струмица и г-дин Димитар Брчков, градоначалник на Петрич.

Оваа година прославата вклучуваше спортски натпревари на младите ученици од училиштата во Петрич и Струмица, кои учествуваа во кошаркарски, одбојкарски и фудбалски натпревари, помеѓу тимови составени од играчи од двете општини.

Facebook icon
Twitter icon