Работна средба во врска со кампањата за собирање проектни идеи кои ќе се спроведуваат во рамките на Територијалната стратегија за интегрирани мерки

08.12.2021

Заменик министерот за регионален развој и јавни работи и раководител на Управувачкиот орган на Програмата за прекугранична соработка INTERREG - ИПА меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, г-ѓа Нина Стоименова одржа работна средба во Благоевград со локалните власти, НВО, музеи, центри на заедницата и претставници на граѓанското општество од Југозападна Бугарија во врска со Кампањата започната на 9 ноември за собирање проектни идеи за имплементација во рамките на Интегрираната територијална стратегија, која е дел од Програмата.

На средбата беа презентирани приоритетите на Програмата за програмскиот период 2021 - 2027 година и беа дадени појаснувања на прашања поставени од локалните организации.

На крајот од средбата, заменик министерот Стоименова ги охрабри присутните да ги достават своите проектни идеи кои ќе бидат рефлектирани во документите за новиот програмски период со примена на пристапот "оддолу нагоре" во процесот на нивното разработување.

 

Facebook icon
Twitter icon