Регионален Консултативен Форум - Благоевград

08.03.2014

Регионален Консултативен Форум - Благоевград

Првиот круг на Регионални Консултативни Форуми заврши во Благоевград, каде  на 7 март 2014 година во хотелот Езерец се одржа последната средба на која  земаа учество над  30-тина претставници на локалните самоуправи и невладиниот сектор од  Благоевградкиот регион како и неколку представници од општините од Македонија. На почетокот  г-ѓа Асија Христова -  претставникот на Министерството за Регионален Развој на Република  Бугарија  ги поздрави присутните, а  потоа раководителот на ЗТС г-динот Николај Дочев ја претстави состојбата на програмата за периодот 2007-2013.  Резултатите од анализите  и предложените тематски приоритети беа  презентирани од страна на експертот за планирање г-ѓата Елеонора Иванова од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажиран за подготовка на идната IPA II прекугранична програма.

Facebook icon
Twitter icon