Регионален Консултативен Форум – Ќустендил
Регионален Консултативен Форум – Ќустендил
На 6 март 2014 година во просториите на Заедничкиот Технички Секретаријат во Ќустендил се одржа првиот Регионален Консултативен Форум во Бугарија, кој е дел од подготовките за IPA II програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија за програмскиот период 2014-2020 година. На оваа средба присуствуваа претставници на Управувачкиот орган - МРР г-ѓа Асија Христова и г-ѓа Маја Лошева, на Националниот орган МЛС на РМ г-ѓа Нита Крлиу, како и раководителот на ЗТС Ќустендил г-дин Николај Дочев. Резултатите од анализата и тематските приоритети на новата програма пред присутните 30-тина представници на заинтересираните страни од Ќустендилскиот регион ги претстави експертот за планирање Елеонора Иванова од Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување