Трет состанок на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg - ИПА Бугарија - Македонија

17.06.2016

На 23 јуни во Ќустендил ќе се одржи третиот состанок на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg - ИПА Бугарија - Македонија, состанокот ке биде ко-претседаван од г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Во рамките на состанокот ќе бидат разгледани и одобрени за финансирање првите проекти во рамките на програмата. Потсетуваме дека по одобрување на програмата од од страна на ЕК, во септември 2015 година беше отворена првата покана за предлог проекти со вкупен буџет од 7,240,469.00 евра и краен рок - 25 јануари 2016 година. Програмата се радува на исклучителниот интерес во дозволениот регион - областите Благоевград и Ќустендил за територијата на Република Бугарија и еквивалентните региони од ниво 3 NUTS: Североисточниот, Источниот и Југоисточниот регион за територијата на Република Македонија, а како доказ за тоа се добиените 213 предлог проекти во рамките на крајниот рок.

Со одлука на Заедничкиот комитет за следење од 14 април 2016 година беше одобрена првата фаза од проценката - административна проценка и квалификуваност на кандидатите и 165 предлог проекти беа разгледани на техничко ниво и оценети од страна на независни бугарски и македонски експерти. Претстои да бидат одобрени првите проекти со што ќе стартува нивното реално исполнување, а со тоа тие ќе придонесат со своите активности за подобрување на животната средина, поддршката на развојот на туризмот и подобрување на конкурентноста на прекуграничниот регион.

Вкупниот буџет на програмата изнесува 19 461 687 евра, од кои средствата од Европската унија (Европски фонд за регионален развој и Инструментот за претпристапна помош) се во износ од 16 542 434 евра (85%) и националното кофинансирање во износ од 2 919 253 евра (15%), кое е обезбедено од двете држави партнери.

Корисници на програмата можат да бидат правни лица регистрирани во дозволениот регион, кои треба да се организации кои не генерираат профит (вклучувајќи локални / регионални / национални органи или потчинети на нив структури, национални и регионални агенции; администрации на природни паркови; локални / регионални шумски дирекции; културни институции; јавни центри / читалишта, невладини или непрофитни организации, образовни институции како што се универзитети, училишта, факултети и библиотеки; евро региони и др. или здруженија од две или повеќе од погоре наведените).

Facebook icon
Twitter icon