Во Сандански се одржа информативен семинар "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија"
На 25 февруари 2015 година во преполната конференциска сала на Интерхотел Сандански во Сандански во присуство на над 200 претставници на потенцијалните корисници од целиот прекуграничен регион: регионални администрации, регионални структури на централните власти, градоначалници, општински администрации, културни и образовни институции, невладини организации, стопански комори, здруженија од Република Бугарија и Република Македонија се одржа информативниот семинар "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија".
Семинарот беше отворен од страна на г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, а на присутните им се обратија и обласниот управител на област Благоевград Бисер Михајлов, заменикот на градоначалникот на општина Сандански Младен Тимчев, и претставникот на парламентарната комисија за европски прашања и контрола на европските фондови Сотир Галбов.
Потенциалните корисници и засегнатите страни од прекуграничниот регион преку презентациите на експертите на Програмата беа запознаени со целите, приоритетите, мерките, буџетот и механизмот за прибирање и оценување на проектните предлози по Програмата за периодот 2014 - 2020. Исто така беа објаснети условите за аплицирање поврзани со дозволивост на кандидатите, нивниот правен статус и регистрација, потребата од партнерство помеѓу организации од двете страни на границата и прекуграничниот ефект на проектите. Во оделни презентации беа претставени и примерите за успешни проекти, добра соработка и постигнатите резултати во периодот 2007-2013, како и новата визуелизација на Програмата за периодот 2014-2020 и календарот на настани за 2015 година.
Презентациите од Информативниот семинар може да ги најдете ТУКА