Втората средба на Заедничкиот комитет за следење на Програмата Interreg - IPA CBC Бугарија - Македонија се одржа во Куманово

19.04.2016

Втората средба на Заедничкиот комитет за следење на Програмата Interreg-IPA CBC Бугарија - Македонија CCI: 2014TC16I5CB006 се одржа на 14 април 2016 година во Куманово. Средбата беше под претседателство на Мјелма Мехмети - Петерсен - државен советник за европски интеграции во Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, а копретседател беше Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија. Официјални гости на средбата беа министерот за локална самоуправа, Ширет Елези и Јаромир Левичек, претставник на европската делегација во Скопје. 

Членовите на Заедничкиот комитет за следење ги разгледаа и усвоија следните документи:

  • Годишен извештај за ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2007-2013;
  • Прв годишен извештај за имплементација и состојба заклучно со 31.03.2016 на Interreg - IPA CBC Програмата Бугарија - Македонија 2014-2020;
  • План за евалуација на Interreg - IPA CBC Програмата Бугарија - Македонија 2014-2020;
  • Ажуриран опис на работните места на вработените во Заедничкиот секретаријат;
  • Резултати од административната проверка и проверка на подобноста на предлог-проектите во рамките на 1-виот повик по  Interreg - IPA CBC Програмата Бугарија - Македонија 2014-2020.
Facebook icon
Twitter icon