Заедничката работна група го одобри конечниот нацрт документ на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020
Финалниот состанок на Заедничката Работна Група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 се одржа на 21 август 2014 во “Best Western City Hotel”, Софија, Бугарија. Сесијата на ЗРГ беше насочена кон финализирање и одобрување на документот на програмата.
На средбата присуствуваа мнозинството од членовите на Заедничката Работна Група, а на почетокот поздравни обраќања одржаа заменик-министерот за регионален развој на Република Бугарија, Јорданка Чобанова, претставникот на Генералниот директорат за регионална и урбана политика во Европската комисија, Ann-Jasmin Krabatsch, претставникот на Министерството за локална самоуправа Бранкица Ристовска и советникот во Амбасадата на Република Македонија во Софија Гоце Георгиевски
По деталната презентација и дискусија на финалниот нацрт на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020 документот беше едногласно усвоен. Програмата ќе биде доставена за конечно одобрување од страна на Европската комисија пред истекот на рокот на 22 септември 2014