На 23 април 2014 година во Скопје, Република Македонија се одржа втората средба на Заедничката работна група (ЗРГ) за подготовка на програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија 2014-2020 година.
Основна тема на дневниот ред беше представување на програмската стратегија и разгледување и одобрување на тематските приоритети.
Како резултат на спроведената дискусија се избраа следните три приоритета:
Резултати од електронскиот прашалник во врска со подготовката на програмскиот период 2014-2020
Електронска анкета (прашалник) за ставовите, потребите и очекувањата на заинтересираните страни во однос на обемот и содржината на новата програма за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020 беше спроведена во периодот 3 - 14.02.2014 година
Ви благодариме за активноста!
Резултатите од електронската анкета можете да ги најдете ТУКА
Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020
Подготовката на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020 влезе во нејзината суштинска фаза, каде што ставовите на заинтересираните страни кои се однесуваат на специфични прекугранични потреби и перспективи ќе придонесат за тематска концентрација на новата програма.