Во Процесот на аплицирање по приоритет 1 „Позелен прекуграничен регион“ на програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија, Комитетот за следење на програмата со одлука стапена во сила на 17.08.2023 година по писмена постапка бр. 6, промени некои одредби од Анекс Ц „Договор за грант“, со цел да се обезбеди правилно спроведување на инвестициските проекти.
Прашања и одговори во врска со Водичот за аплицирање со проектни концепти (Повик 1) во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“.
Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.
Информативен ден и Форум за пронаоѓање на парнери - Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3
Информативен ден – Обука на апликанти - Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3
Интерхотел Сандански, сала "Сандански", Сандански, Бугарија
Во врска со измената на чл. 68a од Регулативата (ЕУ) № 1303/2013 на Европскиот парламент и на Советот и измените делегирани во Регулатива (ЕУ) № 481/2014 на Комисијата во врска со третманот на трошоците за персонал за финансираните проекти, беше извршена промена во соодветните текстови на Насоките за аплицирање за вториот Повик за проектни предлози. Промените на применливите барања важат кога персоналот на проектот ќе биде вработен со скратено работно време.
На 27 јуни 2017 година во просториите на Заедничкиот секретаријат во Ќустендил се одржа обука за бенефициентите чии проекти дополнително се финансирани во рамките на Првиот повик за избор на проектни предлози.