Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија -Македонија 2014 - 2020
Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020Подготовката на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020 влезе во нејзината суштинска фаза, каде што ставовите на заинтересираните страни кои се однесуваат на специфични прекугранични потреби и перспективи ќе придонесат за тематска концентрација на новата програма. За таа цел ќе се одржат пет регионални консултативни форуми помеѓу 26 февруари и 7 март 2014 година. Средбите ќе биде во форма на пленарни дискусии во секој регион на прекуграничната област со цел: - Да се информираат регионалните заинтересирани страни во сите 5 региони на програма за тековниот процесот на програмирање за ИПА II прекуграничната програма и за наодите на надворешните експерти од регионалната анализа и идентификуваните потреби; - Да се презентираат и дискутираат можните приоритизирања на тематските приоритети на идната прекугранична програма; - Да се дискутираат потенцијалните активности кои можат да бидат релевантни за надминување на утврдените потреби и предизвици во соодветните тематски приоритетни области. Состојбата и SWOT / анализите на потребите ќе бидат елаборирани од страна на експертите на Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажирани по договор за услуги за подготовка на идната IPA II прекугранична програма, проект со идентификациски број: EuropeAid/133413/D/SER/Multi - Lot 2. Резултатите од анализите, како и предложените тематски приоритети ќе бидат презентирани од страна на експертите за планирање. Со оглед на истакнатото, претставниците од општините, регионалната и националната администрација, регионални невладини организации , универзитети, училишта, информативните центри, социо-економски партнери и сл. се поканети да учествуваат во следниве настани:
Формуларите за регистрација треба да се испратат на следната e-mail адреса:office@ppmanagement.eu или на факс : +359 2 953 35 67, најдоцна до 24 февруари 2014.
|