На 11 февруари 2021 година, онлајн се одржа седница на Заедничката работна група за Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот претседаваше г-ѓа Деница Николова, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и ко-претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија.