Вести

Ажурирана индикативна годишна програма за работа за 2023 година

03.07.2023


Ажурираната индикативна годишна програма за работа за 2023 година на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Мекдонија 2021-2027 може да ја најдете ТУКА

Промени во 1.1 Буџетска прогноза (Анекс 1.1).xlsx

21.06.2023

Оперативната единица

 на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

 

објавува промени во 1.1 Буџетска прогноза (Анекс 1.1) на пакетот за апликации за првиот повик за аплицирање со проектни концепти во рамките на Територијалната стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027.

Поправени се техничките грешки при пресметката на процентот на инвестиција.

 

Започна информативната кампања во рамки на Отворениот повик за инвестициски проекти од Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

20.06.2023

Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 -2027 организира 2 Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери, со цел да го промовира својот Отворен повик за инвестициски проекти под Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ - ref. No 2021TC16IPCB006 – 2023-3.

Отворен повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

07.06.2023

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 објави на 07.06.2023 година Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (No 2021TC16IPCB006 – 2023-3).

Се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

07.06.2023

На 06 јуни 2023 година, во Благоевград, Република Бугарија се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти. Настанот беше организиран од Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија во соработка со Управувачкиот Орган и Националниот орган по Програмата.

Во форумот учествуваа повеќе од 50 претставници на регионални и локални администрации, невладини организации, образовни и културни институции, природни паркови и др. од прекуграничниот регион на Програмата.

Заврши Информативната кампања по првиот повик за аплицирање со проектни концепти

05.06.2023

Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по првиот повик за аплицирање со проектни концепти на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектните концепти и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација.

 

Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:

Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на првиот повик за аплицирање со проектни концепти

02.06.2023

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 06 јуни 2023 год. (вторник), во сала „22 Септември“, плоштад Георги Измирлиев – Македонче 1, 2700 Благоевград, Република Бугарија, со почеток од 13:30 часот по бугарско време (EET).

Pages

Subscribe to Вести